Струшкиот писател Јован Стрезоски повеќе од половина век членува во ДПМ

- Локални
1046

Струшкиот писател, поет, прозаист, романсиер и автор на драмски текстови, Јован Стрезовски, роден 1931 година во с.Подгорци кој детството го поминал во Крагуевац и други места, повеќе од  половина век е член на Друштвото на писатели на Македонија.

Друштвото на писатели на Македонија, кое на 13 февруари одбежа 70 години постоење, има 540 членови, а од нив триесет членуваат повеќе од половина век.Тоа се писателите: Матеја Матевски, Цане Андреевски, Методија Фотев, Милан Ѓурчинов, Илхами Емин, Благоја Шанов, Влада Урошевиќ,Ј ован Павловски, Георги Сталев, Оливера Николова, Радован Павловски, Душко Радев, Георги Старделов, Божин Павловски, Михаил Ренџов, Јован Стрезоски, Видое Видически, Фахри Каја, Миле Неделкоски, Гордана Михајлова-Бошнакоска, Владимир Костов, Луан Старова, Ристо Јачев, Иван Иваноски, Нусрет Дишо, Трајан Петровски, Стојан Тарапуза, Иван Чапоски, Александар Поповски и Милан Терзоски.

ДПМ по повод својот роденден на посебна манифестација  изложи избори од десетици книги на овие писатели, затоа што нивните естецки дострели претставуваат константа на богатиот буен развој на современата македонска литратура.

Станува звор за автори кои во изминатите децении оставија силен печат во развојните процеси на Македонската литература и литературата на националностите, во областа на романот, расказот,поезијата, драмата, критиката, есеистиката, книжевната наука и литература за деца.

Друштвото на писатели на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година.Седумте децении постоење ги одбележи со свои собири.

Творештвото на истакнатиот македонски писател Јован Стрезовски се протега на страниците на 17 книги песни, раскази,романи за деца, збирки песни за возрасни девет,како и осумте романи и 5-те книги раскази за возрасни. Кога кон ова ќе се додаде и фактот дека Јован Стрезовски е автор на сценарието за македонскиот игран филм „Време води“ во режија на Бранко Гапо, како и на тв-драмата „Илинка“, тогаш со право можеме да речеме дека се работи за инпозантно литратурно творештво кое опфаќа илјадници страници и кое е високо вреднувано не само од нашата,туку и од странсаката литературна критика.

Исто така, значајно е да се истакне дека поезијата и прозата на Јован Стрезоски се преведени и објавени во книги на српски ,хрватски,руски ,турски,романски и други јазици, што е потврда за осведочениот влог на авторот не само во македонската, туку и пошироко во светската литература и култура.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари