Стружанецот Дарко Каланоски избран за најдобар дипломец на Факултетот за физичко образование

- Локални
1833

Со просек 9,75, стружанецот Дарко Каланоски беше прогласен за најдобар студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, за студиската 2015/2016 година. Денес веќе е магистер по спортски менаџмент, титула со која се стекнал на ФФОСЗ, во соработка со Економскиот факултет, а магистерските студии ги завршил со просек 10.

Работи како фитнес-инструктор и персонален тренер, како и обработка на режими за здрава исхрана за неговите клиенти.

Дарко Каланоски планира во иднина професионално да продолжи со работа надвор од Македонија.

StrugaOnline

Фото: Дарко каланоски

Facebook Коментари