Тампон В’але Струга: Отстранета е градежната механизација од езерското крајбрежје кај Струга

- Локални
1054

Градежната механизација и работниците се отстранети од локациите каде што изминатиов период  се вршеа градежни работи и бетонирање на езерското крајбрежје на делот од Струга до село Калишта – информираат од граѓанската иницијатива Тампон В’але Струга.

Претходно,  од граѓанска иницијатива „Струга- тампон в’але“  доставиле  пријава до повеќе институции за узурпацијата и уништување на езерското крајбрежје.

– „Втората рунда ја добија граѓаните! Сега сопствениците нема да знаат кој градежно им го „уредил“ земјоделското земјиште, а ќе тврдат дека езерото само и од срам се тампонирало. Тоа е доколку се најдат сопствениците, затоа што можно е сопственикот и сторителот да биде непознат. Така е тоа во Струга.“  велат од „Тампон В’але Струга.“

Во соопштението кое што го објави граѓанската иницијатива, исто така се вели  дека со нивната пријава компетентните служби имаат доволно докази да преземат соодветни мерки.

Извор и фото: Тампон В’але Струга

Strugaonline

Facebook Коментари