ТИМОТ НА СКОПСКИ САЕМ УСПЕШНО ГО ОРГАНИЗИРА САЕМОТ ТЕХНОМА 2017

- Локални
913

43-от Меѓународен саем ТЕХНОМА & 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017, годинава ќе се одржат од
25. до 29. октомври во ВИП Арена „Борис Трајковски“, каде што претставници од големите, средните и малите домашни и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото, ќе се претстават со своите дејности, производи, услуги и експертиза.

Тимот на Скопски саем со години ги подготвува познатите саемски манифестации кои резултираат со десетици илјади посетители и бројни бизнис конекции и контакти со значително влијание врз економијата во Република Македонија. Овој стучен тим во целост ја вложи својата умешност и долгогодишно искуство во организацијата на годинешното иѕдание на саемот ТЕХНОМА 2017, и ВИП Арена „Борис Трајковски“  ќе ја претвори во центар за иновативност и технологија“, порачува Дејан Кошутиќ, извршен директор на Скопски саем. Тој истакнува дека ТЕХНОМА е високо почитуван саем кој уште од 1997 година во организација на Скопски саем е член на УФИ (Унија на меѓународни саеми).

Веќе четири децении, ТЕХНОМА претставува бренд каде што националните економии од многу земји и региони се претставуваат и во чии рамки се организираат разни стручни програми и Б2Б средби.

 Официјалното отворање на ТЕХНОМА 2017 е закажано за:
25.10.2017 (среда)
во 11.30 часот
во ВИП Арена „Борис Трајковски“.

Работното време за посета на саемот е од 10ч.– 19ч. Цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.

 

 

Facebook Коментари