Трибина на тема „Како да управуваме со депонијата“ во Струга

- Локални
37

Граѓанската иницијатива „Доста“, преку соопштение ги информираше граѓаните на Струга дека  на ден 18.04.2018 година во 13:00 часот во просториите на Центар на заедница на Општина Струга (во зградата на народна одбрана) ќе се одржи трибина на тема КАКО ДА УПРАВУВАМЕ СО ДЕПОНИЈАТА ДОДЕКА НЕ СЕ ИЗГРАДИ РЕГИОНАЛНАТА ДЕПОНИЈА. Секој заинтересиран може да дојде на настанот.
Трибината ќе се одржи по следнава агенда:
13.00 -13.05 Отварање на трибината, целите на трибината
Модератор Гоце Љубиновски (ЦОРЗ-Дебар)
13.05- 13.20 Презентирање на проектот,
Шуип Марку – Координатор на проектот (ЦОРЗ-Дебар)
13.20 – 13.30 Здравјето и туризмот не можат заедно со ДИВА ДЕПОНИЈА!
Берат Села – Еколошко друштво Натура
13.30 – 13.45 Резиме на активностите на граѓанската иницијатива ДОСТА Е!
Глигор Кјатоски
13.45 – 14,00 Активностите кои ги превзема Општината и владата во решавање на Проблемот- Преставник од Oпштина Струга
14.00 – 14.15 Потребни чекори за решавање на проблемот според погледот на граѓаните – Ардиан Демири Граѓански активист (Стружани за Струга)
14,15 – 14.30 Дискусија околу идеите и заклучоци
14.30 Затварање на настанот, закуска

Strugaonline

Facebook Коментари