Уредникот на „Бранувања“, Петко Шипинкароски на средба со градоначалникот на Вевчани

- Локални
79

Главниот и одговорен уредник на Меѓународната ревија за литература и култура ,„Бранувања„, како и преседател на “ Струшките книжевни средби“, Петко Шипинкаровски, со неговиот соработник беа примени од градоначлникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

Упатувајќи му честитки за изборот и посакувајќи му успеси во работата, Петко Шипинкаровски истакна дека ова е традиционална соработка на  Културниот центар „Бранување “од Струга, со Вевчанската локална самоуправа .

На средбата активен акцент беше ставен за одржувањето на претстојната девета по ред манифестација  „Струшки книжевни средби“ која ќе се одржат на 6-ти  јуни во Вевчани на мостот на книжевноста на Вевчанските извори и во храмот на Свети Никола.

Додека пак градоначлникот ги запозна со неговите одобрени проекти кои ќе почнат да се реализираат во текот на наредните месеци.

Двете страни се согласија соработката да се интензивира и да се изнајдат други форми и содржини за поквалитетно ангажирање и исполнување на договорените и планираните активности.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари