Утре ќе биде потпишана Иницијативата за прогласување на планината Јабланица за Национален парк

- Локални
1648
Утре во 12:00 часот во просториите на Општина Струга, Градоначалниците на Општина Струга и Општина Вевачни,  Г-дин Рамиз Мерко и  Г-дин Сашо Јанкоски ќе ја потпишат Иницијативата за заштита на Планината Јабланица преку прогласување на планината за заштитено подрачје во категорија Национален парк.
„Станува збор за иницијатива која е веќе поддржана од претседателите на сите месни заедници – села од подрачјето на планината Јабланица кои што се наоѓаат во територијата на идниот Национален парк или во нејзино непосредно соседство, согласно предложеното зонирање на Националниот парк согласно претходно направените научни студии.“ информираат од Иницијативниот комитет за прогласување на Јабланица за Национален парк.
Извор: Strugaonline
фото: igeografija.mk

Facebook Коментари