Утре Струга ќе биде центар на електронската музика, доаѓа Иниго Кенеди!

- Забава, Локални
814
 
 Утревечер со почеток од 22:00 часот на летната сцена и импозантниот хангар кои се дел од центарот за култура во Струга ќе започне маратонската техно забава на која главна sвезда е гостинот од Лондон Иниго Кенеди кој важи за еден од најдобрите продуценти во Европа. Забавата ќе се случува на три различни локации, програмата започнува на летната сцена, потоа некаде околку 2:00 часот по полноќ следува настапот на Иниго Кенеди, во раните утрински часови забавата продолжува на брод кој ќе крстари по охридското езеро. Поради големиот интерес организаторите советуваат посетителите да бидат на местото на настанот порано за да успеат да си набават билет бидејќи истите се во строго ограничен број.
Strugaonline

Facebook Коментари