Вечерва во Охрид започнува театарскиот фестивал „Вдиши театар 2018“

- Локални
44

Вечерва во 21:00 часот во дворот на црквата Света Софија  свечено ќе биде отворено петтото јубилејно издание на Аматерскиот младински театарски фестивал ВДИШИ ТЕАТАР 2018. Фестивалот ќе биде прогласен за отворен со претставата „Во фиока“  под авторство и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, а во изведба на театарската група на Црвен крст – Охрид.


Фестивалот трае четири дена, а низ богатата програма својот актерски талент, умешност и креативност, во  7 театарски претстави ќе го прикажат повеќе од 60 талентирани млади актери-аматери од организациите на Црвен крст од Охрид, Бар, Суботица, Требиње, Крагуевац, Битола и Крива Паланка.

Влезот за сите претстави е бесплатен.

Strugaonline

Facebook Коментари