Верници од Вевчани, Струга, Охрид и Подгорци на поклонение на моштите на Свети Јован Владимир во Елбасан

- Локални
2721

На 4-ти  јуни 2018 година, во утринските часови, 80 верници од Вевчани, Подгорци, Струга и Охрид тргнаа на поклонение на моштите од Свети Јован Владимр,во истоимениот манастир во Елбасан во соседна Албанија, кои истиот ден беа донесени од Тирана.

Предводени од организаторот, отец Зоран Попоски од Вевчани, во придружба на отец Митре Попоски од Охриди свешетеник во Струга, преку граничниот премин „Ќафасан“ групата верници се упати кон првата дестинација (Елбасан)  каде што во манастирот беа положени моштите на Свети Јован Владимир, каде што се служеше Света литургија.

На оваа голема црковна манифестација, река луѓе се слеваа од сите четири страни на Албанија, но можеа да се забележат и автобуси со верници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, како и  од Црна Гора каде што има манастир посветен на овој светец.  Исто така, вреди да се истакне е дека манстир посветен на овој светец има и во  Македонија во струшкото село Подгорци.

По завршувањето на црковната церемонија, верниците по пријатниот ручек во ресторанот „Панорама„ во Елбасан во последните часови од денот заминаа кон граничниот премин„Ќафасан“- се упатија кон Струга -Вевчани, каде беше затворен кругот на патување. Сета божествена убавина, низ која минуваа, беше овековечена со фотографии од фото хроничарите Анастас Ќушкоски и Стојан Кукунешоски.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари