Во понеделник започнува имунизацијата против сезонски грип – 3000 вакцини се набавени за Охрид, Струга и Дебар

- Локални
877

Вакцинацијата на населението против сезонски грип ќе започне од понеделник, 16-ти октомври, информираат од Центарот за јавно здравје од Охрид.

За таа цел набавени се вкупно 3000 вакцини за подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје, односно Охрид, Струга и Дебар. Цената на вакцината е 400 денари, а имунизацијата ќе се врши секој работен ден во периодот од 8 до 14 часот, во епидемиолошкото одделение на Центарот.

Од оваа сезона новина е тоа што лицата кои не се во можност да дојдат во ова одделение, со претходно закажување на термин, ќе бидат посетени во нивните домови и таму ќе ја примаат вакцината.

Примањето вакцина е наменето главно за хронично болни лица, со намален имунитет и за здравствените работници. Лекарите велат дека е најдобро вакцината да се прими во овој период, односно пред почетокот на сезоната на грипови, за да може организмот навреме да развие имунитет.

Грипот, или инфлуенца, е заразна болест предизвикана од вирусите на рибонуклеинската киселина, од фамилијата на вирусите на грипот. Најчести симптоми кои што се јавуваат при оваа болест се треска, настинка, воспалено грло, болки во мускулите, неподносливи главоболки, кашлање, изнемоштеност или омалаксаност и неудобност.

Извор: ОхридПрес

Strugaonline

Facebook Коментари