Во Струга ќе биде одбележан денот на Охридското езеро

- Локални
1870

Oпштина Струга преку соопштение за јавност ги повикува сите заинтересирани граѓани да бидат дел од  традиционалната манифестација на Денот на Езерото која ќе се одржи на 21.06.2018, со почеток во 10:00 на Градската плажа. После свеченото отварање на манифестацијата, поздравен говор ќе одржи градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, а свое обраќање ќе имаат и  градоначалникот на општина Поградец, Г-дин Едуарт Капри, и  градоначалникот на општина Охрид ,Г-дин, Јован Стојановски. По повод одбележувањето на денот на Охридското езеро предвидена е уметничка програма, коктел, изложба на фотографии и посета на штандовите.

Strugaonline

Facebook Коментари