Во Струга се реализира проектот „И старите можат“ – акција за социјална инклузија на старите лица

- Локални
935

Локалната агенција за развој од Струга започна да го спроведува  новиот  проект во рамки на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица” финансиран од Европската унија, со финансиска поддршка на Австриската агенција за развој и Австрискиот црвен крст.

„Како може лицата над 60 години да бидат општествено активни, витални и да допринесат со нивното искуство за решавање на некои од предизвиците со кои се соочуваат граѓаните во Охрид и Струга? Време е да им отвориме простор на нашите повозрасни родители, роднини, баби и дедовци каде ќе можат да се дружат, јавно да проговорат за дискриминацијата и проблемите со кои се соочуваат, и да им помогнеме да бидат витални и активно вклучени во сите сфери од општество“ – велат организаторите

Целна група се возрасни лица над 60 години од општините Охрид и Струга, а предвидено е проектот да се реализира до мај 2018 година. Истиот меѓудругото вклучува бесплатни психофизички вежби изработени специјално за повозрасни лица, предавања од областа на медицината и курсеви за приготвување здрава храна и друго.

Кај секој од нас треба да се разбуди свеста за тоа дека треба да допринесеме за поубав и полесен живот на старите лица, во спротивно, осаменоста во тоа доба е една од главните причини за смртност. Тоа го докажуваат низа странски истражувања.

Strugaonline

Facebook Коментари