Возач удрил жена на пешачки премин во Охрид

- Локални, Хроника
72

Вчера во 14,00 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Р.К. (69) од Охрид пријавила дека на 10.04.2018 година околу 12,00 часот на крстосницата–кружен тек од улицата „7-ми Ноември“ и булеварот „Македонски Просветители“, додека преминувала улица на пешачкиот премин била удрена од страна на непознат возач кој управувал непознато возило, при што паднала на коловозот. На 11.04.2018 година побарала лекарски преглед во болницата Свети Еразмо-Охрид, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари