Времето денес претежно облачно со слаб до умерен ветер

- Локални, Македонија
719

Во текот на ноќта беше ведро, а во раните утрински часови настапи зголемување на облачноста. На некои места дуваше слаб ветер од променлив правец.

Времето денес ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, на планините снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Од утрек следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Дневната температура ќе опадне уште за неколку степени.

Извор: УХМР / StrugaOnline

Facebook Коментари