Започна едриличарската сезона во водите на Охридското езеро

- Локални, Спорт
928

Овој викенд во организација на Едриличарскиот Клуб „Снегар“- Струга се одржа Пролетна регата во класа „Ласер.“  Учество зедоа екипите на ЕК „Снегар“ Струга и ЕК „Пират“- Охрид. Првото место го освои едриличарот на Снегар Струга – Илија Јовчески, втор беше Дамјан Поп-Стефанија од Охрид, додека третото место му припадна на Марјан Грданоски од Струга. Со овој натревар симболично започна едриличарската сезона на Охридското езеро.

Од управата на ЕК СНЕГАР изјавиja дека реновирањето на клубските простории заврши и клубот е спремен успешно да ја започне сезоната. Со крајот на учебната година започнува и школата за едрење која ќе се одвива во три циклуси во летниот период и истата е наменета за деца од 6-15 годишна возраст.

Младите едриличари ќе бидат обучувани во едрилици од класата „Оптимист“ каде што ќе имаат можност да ја совладаат техниката на едрењето под контрола на професионални тренери. Школата ќе се одржува во термини од 10.00-13.00 и 14.00-17.00 од Понеделник до Петок. Клубот обезбедува 2 тренери, гумењак за тренинг и безбедност на вода како и подароци за учеснниците.

За наредниот викенд е закажан и вториот дел од Пролетна Регата со натпревари во класите Оптимист, 470 и Ласер Стандард.

Strugaonline

 

Facebook Коментари