Жената повредена во пожарот во Струга е пренесена на клиника во Скопје

- Локални, Хроника
963

Во текот на вчерашниот ден избувна пожар во куќата на 69-годишниот С.Д. на улицата „Боро Шаин“ во Струга.

– Пожарот избувнал во една од собите на куќата, во која во моментов се наоѓала 62-годишната Л.Д. која се здобила со тешки изгореници. Истата била префрлена во Медицинскиот центар во Струга од каде поради сериозноста на повредите била пренесена на Клиника во Скопје. При извлекување на Л.Д. од собата со телесни повреди се здобила и 31-годишната Ф.Д. која била префрлена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на слуачјот, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари