ЖРК Стружанка со убедливи 27:18 против Лихнид 2013 од Охрид

- Локални, Спорт
1322

ЖРК Стружанка ја оствари четвртата победа во низа над екипата на Лихнид 2013 од Охрид, 27:18 (14:7) на домашен терен во речиси полна сала „Нико Нестор“ каде публиката имаше можност да ужива во квалитетен напревар.

ЖРК Стружанка мотивирано и стабилно уште во самиот старт направи резултатска предност која на полувремето беше дуплирана со резултат од 14:7.

Успешната игра на струшките ракометарки продолжи и во второто полувреме, а низа успешни одбрани имаше и нашата голманка. Сето тоа донесе убедлива победа односно резултат 27:18

ЖРК Стружанка со четвртата победа во низа го зацврсти првото место во 1-та група во женската кадетска лига на Република Македонија каде што заостануваат Металург и Лихнид 2013 кои имаат еден заостанат натпревар кој треба да го одиграат во иднина.

Наредниот викенд нашите девојки гостуваат во Скопје против Металург кој исто така е еден од најтешките натпревари овој есенски циклус каде што со победа ќе заминат како први на табелата во нашата група.

Извор и фото:zrkstruzanka

Strugaonline

Facebook Коментари