ЗП Вевчани му додели благодарница за соработка на пензионерот Стојан Кукунешоски

- Локални
899

Стојан Кукунешоски, пензионер од ЗП-Струга,на 9 јуни 2018 година,за време на одржувањето на 23-тите спортски игри за пензионери од четвртиот регион,кои се одржаа во општина Вевевчани,а домаќин беше ЗП Вевчани доби благодарница за особено успешна соработка со здружението на пензионери од оваа општина која  започнала веднаш после неговото пензионирање во 2010 година.

По завршувањето на игрите на седумте здруженија од четвртиот регион,на посебното заедничко дружење во убавиот амбиент во ресторанот „Пелвец,претседателот на ИО на ЗП Вевчани Витомир Костојчиноски,  му изрази благодарност  на новинарот ( соработник) на пензионерските гласила  на СЗПМ кои излегуваат во голем број примероци :„Пензионер плус“ и „Пензионерски видици“ додаток на „Нова Македонија.“ Како и во другите печатени и електронски гласила.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари