23-ти мај е неработен ден за припадниците на влашката заедница во Република Македонија

- Македонија
865

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2018 година среда), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Извор: МТСП

Strugaonline

 

Facebook Коментари