30-тиот Саем на книга ќе се одржи од 3-ти до 9-ти мај

- Македонија
1060

30 години читаме со задоволство”, е слоганот на овогодинешниот, јубилеен Саем на книгата, а во кампањата учество ќе земат книжевни ѕвезди на македонските издавачки куќи. Саемот го организира Скопски саем, под покровителство на Министерството за култура на РМ и ќе се одржи од 3. до 9. мај, во ВИП Арена Борис Трајковски.

Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА, обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи дела од: домашни и странски автори; современи и класични литературни дела; стручна, научна и белетристичка литература; енциклопедии; дела од областа на културата и уметноста; книги за млади и деца; учебници и училишни прирачници и галантерија; современа опрема и прибор за училишта, факултети, просветни и истражувачки институти.

На саемот учество ќе земат сите значајни издавачки куќи од замјата, но има и изложувачи кои ни пристигнуваат од регионот.

По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на саемот е од 10:00 до 20:00.

Strugaonline

Facebook Коментари