Агенцијата за промоција и поддршка на туризам oбјави конкурс за откуп на фотографии – „Вашиот кадар од Македонија“

- Македонија
1178

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија денеска го  објави конкурс за откуп на фотографии на тема „Вашиот кадар од Македонија“.

Целта на овој конкур е  е поттикнување на граѓаните да  ја споделат нивната приказна преку најубавите и најинспиративните моменти фотографирани при посета на краиштата ширум земјава.

– Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од подрачјето на Република Македонија, како туристички дестинации, активности во природа и гурмански мотиви, по избор на доставувачот. Делата може да бидат пејзажни и динамични од луѓе кои директно вршат активности. Максимален број фотографии што може да ги достави еден апликант е 10, стои во објавениот конкурс.

Крајниот рок за пријавување за сите заинтересирани е 5-ти декември. Целиот конкурс можете да го најдете на следниов линк.

фото: Strugaonline

 

 

Facebook Коментари