Алатката за информирање на гласачите „Локален избор“ достапна за граѓаните и по првиот изборен круг

- Македонија
958

(Скопје, 17.10.2017) – Алатката за информирање на гласачите „Локален избор“ (www.lokalenizbor.mk) ќе продолжи да биде достапна и во корист на граѓаните и по првиот круг на гласање. Имено, во три од петте фокус општини ќе има гласање во втор круг односно на 29 октомври, во втор круг од локалните избори, за градоначалници ќе се гласа во Чаир, Росоман и Струга.
Покрај овие општини, алатката беше достапна и за општините Аеродром и Струмица, каде градоначалници беа избрани во првиот круг на гласање.
Во изминативе три недели тимот на Локален избор направи повеќе од 30 презентации во сите фокус општини и тоа непосредно со граѓани, целно во урбани заедници, на универзитети, со средношколци што наполниле 18 години, како и се пензионери, со цел информирано гласање и подобра информираност за програмите и ставовите на кандидатите и партиите коишто учествуваат на локалните избори.
Институтот за истражување – Импакт ќе објави анализа на податоците по завршувањето на изборните трки.
Алатката Локален избор ја креираше Институтот за истражување Импакт, со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството на Холандија во Македонија.

Институт за истражување – Импакт
Strugaonline

Facebook Коментари