АМСМ: Сите забрани за сообраќај на тешки товарни возила се укинати

- Македонија
958

AМСМ денеска информираше дека сите забрани за сообраќај на тешки товарни возила се укинати.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Стража. Во Гостивар има врнежи од дожд и снег.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево и до 100 метри во Крушево.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга,

Извор: АМСМ

Strugaonline

Facebook Коментари