Денеска е Водокрст (строг пост)

- Македонија
1921

Денеска е Водокрст, ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на овој ден  секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Празникот Водици се празнува два дена. Првиот, 19 јануари, е познат под имињата Богојавление и Водици, но во некои краишта се спомнува и како Војордание или Машки Водици. Вториот ден, 20 јануари, е празникот Собор на Свети Јован Крстител, познат и како Женски Водици, кога главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените. На тој ден, именден слават сите чие име е изведено од името Јован.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Водици е празник над празниците и во резлични делви од Македонија се одбележува со инрересни  фолклористички обреди. За време на празникот Струга може да се пофали со посебна атмосфера, многу радост и празнување во вистинска смисла на зборот. Утре, во водите на реката Црн Дрим Светиот Крст ќе бифе фрлен во 11 часот.

Facebook Коментари