Договорот за името денеска ќе се разгледува на седница на Влада

- Македонија
742
Договорот за решевање на долгогодишниот спор за името што го постигнаат премиерите Зопран Заев и Алексис Ципрас денеска треба да се најде на седница на македонската Влада и да биде декласифициран.
Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска синоќа во ТВ интервју изјави дека планот е Владата денеска да го дискутира и одобри договорот и веднаш потоа со грчката страна да се договори потпишување во текот на следните четири-пет дена за  да може да почне и постапката за ратификација во Собранието на Република Македонија. Појасни дека се работи за период од десетина дена во кој ќе се договорат сите овие чекори.
Извор: МИА
Strugaonline

Facebook Коментари