Договорот за името со Грција денеска пред пратениците

- Македонија
726

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за денеска во 11 часот ја закажа седницата за Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, по скратена постапка. Предлог-законот Владата до Собранието го доставила со европско знаменце, така што по изгласувањето на потребата за донесување на Предлог-законот за ратификација на Договорот, матично тело кое ќе се разгледува ќе биде Комисијата за европски прашања, чиј претседател е Артан Груби.

Извор: МИА

Фото: aрхива

Facebook Коментари