Eдна деценија без Тоше – скромното момче од Крушево кое со музика и хуманост го победува времето

- Македонија, Музика
62

Денеска се навршуваат десет години од трагичната сообраќајна несреќа која беше кобна за македонската музичка легенда Тоше Проески. 16-ти октомври секогаш ќе биде тажен ден, иако Тоше ни даде многу причини за насмевка. Неговите балади остануваат наши молитви, неговите хумани дела се патоказ за тоа како треба да живееме. Во спомен ни остануваат многуте концерти, насмевки, рефрени, солзи радосници и ежење од преполни концертни сали и вонсериска енергија која бевме благословени да ја почувствуваме. Со музика и хуманост скромното момче од Крушево го победи времето затоа што и после десет години е се уште присутен во нашите срца.

Секој индивидуално наоѓа начин да го чува Тоше во своето срце, а на дело тоа го покажуваат  12 маратонци од повеќе градови од Македонија кои како и изминативе девет години , и годинава  во чест на Тоше трчаат маратон од  Нова Градишка до Крушево.  На тој пат тргнаа завчера, а  денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно почивалиште.

Тоше беше на чекор до светска кариера, која не се оствари поради трагичната несреќа, но неговите дела и понатаму ќе ги радуваат армијата фанови. Наскоро ќе биде промовиран нов студиски албум кој Проески го снимил во студиото на Енди Рајт во Лондон.

Strugaonline

Facebook Коментари