Ќе се решава проблемот на околу 3000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени

- Македонија
993

Проблемот со лицата неевидентирани во Матичната книга на родени е нотиран уште во 2011 година, а се уште не е соодветно третиран. Токму затоа, Владата донесе одлука за негово системско решавање, кое ќе се одвива во неколку фази.

Во петок Управата за водење на Матични книги ќе го отвори Огласот за пријавување на лица кои не се евидентирани во Матичната книга на родени, и тој ќе се однесува за сите лица кои се на територија на Република Македонија. Пријавувањето ќе трае 6 месеци. Во текот на овој период паралелно ќе се направат измени во Законите за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште.

Во меѓувреме ќе се подготват и обучат матичните служби, центрите за социјална работа и граѓанските организации кои го поддржуваат овој процеси, со цел да им се обезбеди навремена услуга на засегнатите граѓани.

Со овој процес се очекува да бидат опфатени околу 3000 лица. По завршување на сите фази ќе се утврди точната бројка на лица неевидентирани во матична книга на родени. Тие ќе добијат привремен регистарски број со кој ќе добијат одредени права во делот на здравствена и социјална заштита и образование.

Извор: МТСП

Strugaonline

Facebook Коментари