МВР објави детали за случајот во кој загина брачен пар од Прилеп

- Македонија, Хроника
887

На 08.03.2018 година во 12.15 часот во Полициската станица Прилеп, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на ул. „Димо Наредникот“ во Прилеп била пронајдена почината И.Н.(76) со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот сопруг М.Н. (81). -информираат од МВР

За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“  калибар 9 мм, кој со дозвола го поседувал М.Н., потоа една испукана чаура, една празна рамка и една рамка со два куршуми. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле  предадени за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: МВР

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари