Насилни протести синоќа пред Собрание

- Македонија
821

Пред Собранието на Македонија изутринава е мирно по синоќешните насилни протести во кои се повредени седум полицајци. МВР информира дека се приведени 25 демонстранти и најави дека повеќе информации за вчерашните случувањата пред законодавниот дом во центарот на Скопје ќе бидат соопштени во текот на денов. – На вчерашниот јавен протест во Скопје, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата уопотреби солзавец, соопшти МВР.

Извор: MИА

Strugaonline

Facebook Коментари