Никос Коsијас во официјална посета на Македонија

- Македонија
908

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, вчера и денеска, во официјална посета на Република Македонија престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас. Посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри за надворешни работи, посветен на унапредувањето на односите меѓу двете земји.

 Се очекува разговорите на министрите Димитров и Коѕијас да бидат во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заднички интерес, со акцент на имплементацијата на Мерките за градење доверба.

 За време на престојот во Република Македонија, министерот Коѕијас утре ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и од заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Извор: МНР

фото: архива

Strugaonline

 

Facebook Коментари