Од полноќ нови цени на бензините и дизелот

- Македонија
708

Од вечерва на полноќ, нови повисоки цени на бензините, дизелот и екстра лесното масло.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за половина, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68 денари, а на Еуросупер 98 69,5 денари по литар.
Од полноќ, литар дизел ќе се точи за 60 денари, додека додека екстра лесното масло за домаќинство по 48,50 денари.

Согласно одлуката се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 28,72 денари за килограм.

Facebook Коментари