ТОП Вести

Пратеникот Крсто Мукоски од Вевчани помеѓу приведените за настаните од 27-ми април

- Македонија
971
Охриѓанецот Богдал Илиески Бетмен, пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василески и уште 32 други лица меѓу кои се актери, оперски пејачи, политичари, и бивши функционери се во приведените во рамки на истрагата за настаните од 27 април попознати како „Крвав четврток“.
Дел од медиумите тврдат дека Богдан илиески Бетмен е недостапен на Полицијата, додека истовремено се прошири и лажна вест дека бил уапсен и поранешниот директор на Фондот за здравство Сашо Стефаноски.- пишува порталот Охрид 1
Митко Чавков, екс министерот за внатрешни работи, кој утрово беше уапсен од МВР како осомничен за насилството што се случи на 27 април во Собранието, во моментот е изведен пред судија на претходна постапка, во Кривичниот суд, потврдуваат за „Фокус“ од Основниот суд Скопје 1.

Заедно со Чавков уапсени се уште неколку лица, а меѓу нив се Горан Ангелов, претседател на „Ќосето“, доктор Љубен Арнаудов, пратеникот Крсто Мукоски кои беа еден од пратениците што на крвавиот четврток ги отворија собраниските врати, Потоа приведени се Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски…

Сите се наоѓаат во Кривичниот суд и засега е непознато дали обвинителството побарало притвор, бидејќи од судот само посочуваат дека судијата на претходна постапка постапува по писмен поднесок од Обвинителството, без да прецизира.

Извор: Ohrid 1

Facebook Коментари

error: