Република Северна Македонија е договорот што го постигнаа Македонија и Грција

- Македонија
772
Република Северна Македонија за севкупна употреба, што ќе се прецизира со амандман во Уставот е договорот, што го постигнаа Македонија и Грција во процесот на преговорите за решавање на спорот за името. Ова го соопшти вечерва на прес-конференција премиерот Зоран Заев во присуство на сите министри во Владата.
– Нашиот влог во компромисот е дефинирање на прецизирано македонско име за нашата држава, име кое е достоинствено и географски прецизно, Република Северна Македонија,
преводливо на сите јазици, рече Заев. Потенцира дека договорот е потврда за македонскиот јазик во Обединетите нации. Јазикот ќе биде македонски/macedonian без фусноти, националноста е македонска кроз граѓанин на Република Северна Македонија (Macedonian/citizen of the Republic of Macedonia).

Facebook Коментари