Се подготвува нов закон за абортус во Македонија

- Здравје, Македонија
1181

Во тек е подготовка на нов закон за прекин на бременоста со кој на жената и се дава можност за слободен избор за абортус до 12-та недела, во консултација со матичниот гинеколог. Слободен избор за прекин на бременоста жената ќе има и до 22 гестациска недела од бременоста, со оценка на комисија составена од двајца гинеколози и еден социјален работник. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на стручниот симпозиум на тема „Вродени аномалии – предизвици, дилеми и третман“ во организација на Македонското лекарско друштво.

 

Facebook Коментари