Собири под мотото „Нашето име е наше право“ во Скопје и дијаспората

- Македонија
820

Во организација на движењето „Нашето име е наше право“, вчера на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа собир на кој учествуваа голем број граѓани кои побараа итен прекин на преговорите за името со Грција.  На собирот  се обратија актерките Камка Тоциновски и Арна Шијак и други. На собирот се играше „Тешкото’, а се читаше и родољубива поезија од Анте Поповски, Гане Тодоровски и Блаже Конески.

Собир  одржаа и  Македонците од дијаспората во 14 градови во светот: Франкфурт – Германија, Малме – Шведска, Вашингтон – Сад, Мелбурн, Сиднеј, Перт и Бризбејн – Австралија, Оукленд – Нов Зеланд, Хаг – Холандија, Лондон – Велика Британија, Крањ – Словенија, Валета – Малта, Канали – Италија и Прага – Чешка.

Фото: Сител

 

 

 

 

 

Facebook Коментари