Струмички карневал 2018 и годинава на висина на задачата

- Македонија
2422

Струмица и годинава на висина на задачата. Карневалот кој секоја година се одржува за време на празникот „Прочка“ и негува долга традиција ги воодушеви сите гости од Македонија и странство. Низ улиците на Струмица поминаа 41 маски во разични категории, со околу 2.000 учесници.

Ги имаше од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Бугарија, Германија, но и од Аруба – холандските Антили. Струмичани и гостите во изјави за медиумите велат дека карневалот во овој град е време на слобода кога секој може да биде што сака и своите чувства и пораки да ги изрази креативно преку маска.

Strugaonline

Фото: Роберт Атанасовски

 

 

Facebook Коментари