Студен бран од портокалова фаза во Македонија – ова се препораките од Министерството за здравство

- Здравје, Македонија
132

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран од портокалова фаза на ниво на целата држава за денеска ги донесе  следниве препораки:

– да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60-годишна возраст и за работниците коишто работат на отворено се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје.

Исто така се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини. На целото население се препорачува особено внимание да се посвети на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација на топли напитоци и редовно земање терапија кај хронично болните лица.

Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

Strugaonline

Facebook Коментари