Владата на РМ ќе го достави предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

- Македонија
694

На денешната, редовна 74 седница, Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог – закон за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на  Министерството за надворешни работи.

Предлог-законот за ратификација ќе биде доставен до Собранието на Репубика Македонија.

На денешната седница на владата усвоена е одлука за разрешување на директорот на КПУ Прилеп, Слободанчо Ристески.

Извор: Влада на РМ

Strugaonline

Facebook Коментари