Во 2017 година Македонија ја посетиле 998 841 туристи

- Македонија
718
Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека Република Македонија во текот на 2017 година ја посетиле вкупно 998 841 туристи, од кои 368 247 домашни и 630 594 странски, а биле остварени вкупно 2 775 152 ноќевања.

 Бројот на туристите во декември 2017 година изнесува 51 599, а  бројот на ноќевањата изнесува 103 721. Бројот на туристите во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 22.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 28.0%. Бројот на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 19.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 29.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 27.0%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3%, а кај странските има зголемување за 23.5%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 22.8%. – стои во соопштението на Државниот завод за статистика.

Извор: Државен завод за статистика

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари