Време: Облачно со врнежи од дожд

- Македонија
575

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време, со повремени врнежи од дожд, на повисоките места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови од земјава каде локално се очекува да наврнат над 20л/м2. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Дневната температура ќе се движи во интервал од 1 до 9 степени. Слично време ќе преовладува и во среда, а од четврток ќе има само врнежи од дожд и за неколку степени повисоки температури.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари