Време: Променливо и нестабилно со поројни дождови и појава на град

- Македонија
661

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд и услови за изолирана појава на град.  УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 18 до 29 степени. Слично време се очекува и утре, со пад на температурите за неколку степени, односно 25 максимални низ Македонија.  Стабилизација на времето и покачување на температурата се очекува од петок.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари