Време: Променливо облачно со интензивни врнежи од дожд, на планините снег

- Македонија
693

Денеска во Македонија претпладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, на запад облачно со врнежи од дожд, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се прошират низ целата земја. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Поради брз продор на студена воздушна маса проследен со засилен северен ветер, во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на пониските места особено во северните и западните делови. Дневната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени. Утре времето ќе биде студено со максимални 8 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари