Време: Променливо облачно со сончеви периоди-максимални 14 степени низ Македонија

- Македонија
629

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен ветер од западен и југозападен правец, кој во северозападните подрачја, особено на планините повремено ќе се засилува. Дневната температура ќе се движи во интервал од 9 до 14 степени. Сончево и релативно топло со максимални 16 степени ќе се задржи и утре. За време на викендот се очекува врнежливо време со дожд и снег.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари