Време: Сончево и потопло со умерена облачност

- Македонија
618

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 19 до 29 степени. Во текот на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, врнежи од дожд се можни во недела и понеделник во попладневните часови само во јужните делови од земјава.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари