Време: Сончево време денеска и утре – врнежи од дожд и снег од недела попладне

- Македонија
877

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена  облачност. По одделни контлини ќе има појава на магла, особено во претпладневните часови.  Дневната температура ќе се движи во интервал од 11 до 18 степени. Слично време со максимални 16 степени ќе се задржи и во сабота, а промената на временската состојба ќе започне од недела попладне кога се очекуваат врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава, а на планините ќе има врнежи од снег.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари