Време: Студено со врнежи од дожд и снег

- Македонија
642

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег , а во крајните југоисточни делови од дожд. Можна е изолирана појава на замрзнат дожд. Врнежите на одредени места ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од -2 до 6 степени. Слична временска состојба се очекува и во петок и во сабота, а од недела врнежи од дожд и пораст на температурите.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари