Забрана за тешки товарни возила на Стража, Пресека, и патниот правец Маврово – Дебар

- Македонија
855

Поради временските услови има забрани за тешки товарни возила има патниот правец Маврово – Дебар, како и на планинските премини Стража и Пресека. – информираат од АМСМ


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег.Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Гостивар, Маврово, Дебар, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на планинскиот превој Пресека и Струга. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На патниот правец А2 Струга – г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода – с. Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

Извор: АМСМ

фото: архива

Strugaonline

Facebook Коментари