Општината ја чуваат, а депонијата не! Стружани уште еднаш го фрлија ѓубрето пред зградата на Општината

- Вести, Локални
1913

Вечерва околу полноќ дел од граѓаните на Струга, повторно го фрлија ѓубрето пред општинската зграда, но веднаш потоа наидоа на несогласување од друга група граѓани кои притрчаа да го изразат своето негодување. По мала расправија,турканица и интервенција на полицијата страстите се смирија.

Веднаш потоа следеа низа расправии преку кои беше потенцирано дека  мора да се најде виновникот за спалување на депонијата, дека треба да се почека да се смири ситуацијата и други ставови кои граѓаните ги слушаат низ годиниве наназад.

Се поставува прашањето: Дали депонијата е на власт?

 

Facebook Коментари